Вашингтон, 11 октомври 2010 (МИА) – Со договорени близу 600 милиони евра поддршка за македонската економија за наредните четири години, македонската делегација предводена од вицепремиерот и министер за финансиии Зоран Ставрески, се враќа задоволна од средбите со ММФ и Светска банка за време на годишното собрание на овие две институции во Вашингтон.

 

– Македонија беше добро примена од ММФ и од СБ и двете инстиитуции искажаа задоволство од квалитетот на економските политики и од резултатите што се остварени во кризни времиња, односно зазадравувањето на економијата и задржувањето на стабилноста. И второ што е многу важно и двете институции искажаа подготвеност да и помогнат на Македонија во следниот период побрзо да излезе од кризата побрза да заздрави економијата и да оствариме повисок економски развој. Во таа насока посебно е значајно што двете институции за време на разговорите ветија дека со 600 милиони евра ќе ја помогнат Македонија, од кои ММФ со 400, а СБ меѓу 150 и 200 милиони евра завосно од проектите што ќе се договорат, изјави вицепремиерот Ставрески.

 

Во однос на ММФ тој укажа на понудената можност Република Македонија да биде првата земја што ќе ја добие тн. отворена кредитна линија, која што ја дава Фондот на земји кои, како што вели, имаат силни и здрави економски политики, и претставува верификација на квалитетот на тие политики.

 

– Во следниот период останува да ги разговараме деталите околу таа кредитна линија и со експертската јавност и со бизнисмените да отвориме разговор околу тоа дали е добро за Македонија во оваа фаза да ја земе таа кредитна линија, укажа вицепремиерот.

 

Со СБ е разговарано за дефинирање на кредитите и проектите што ќе бидат финансирани во првата година при што приоритет ќе имаат енергетските проекти. – Тука влезе проектот од енергетскиот сектор за далекуводот кон Србија и буџетската поддршка од 30 милиони американски долари, како и еден помал проект за осигурување. Во следниот период веќе е искажана подготвеност од нивна страна за финансирање на браната Луково Поле и ние ќе пристапиме кон изработка на целокупната документацијата со цел побрзо да дојде до реализација на тој проект, рече Ставрески најавувајќи и други проекти.

 

Тој се осврна и на разговорите со Меѓународната финансиска корпорација за нивно поголемо учество во приватниот сектор.

 

– Задоволен сум од приемот на Република Македонија и искажаната подготвеност на најголемите финансиски институции да бидат нејзин партнер во следните неколку години за доброто на македонската економија и на македонските граѓани, подвлече Ставрески.

 

Во состав на македонската делегација за време на есенското собрание на ММФ и СБ беа и вицепремиерот за еконономски прашања Владимир Пешевски и заменик министерот за економија Методиј Хаџи Васков.

 

Comments are closed.