Екипа составена од претставници на Министерството за финансии, банките и локалните градежни компании попладнево во Велес го презентираа проектот Купи куќа, купи стан. Граѓаните имаа можност да се информираат за поволностите кои овој проект ги нуди за купување сопствен дом. Проектот е наменет за оние лица кои имаат потреба од финансиска помош помош за отплаќање за отпалаќање на станбените кредити.

Во таа насока Владата преку проектот обезбедува поддршка преку субвенции, а висоната на неповратните средства достигнува до 9.200 евра за стан или 15.000 евра за изградба на куќа. Проектот нуди финансиска помош и за надоградба на куќи и тоа преку моделите “75 рата“ или “75 проценти учество“.

Според надлежните токму заинтересираноста на граѓаните за искористување на поволностите од проектот се причината поради која истиот ќе продолжи и следната година и ќе бидат обезбедени средства за него и во буџетот за 2016 година.

Comments are closed.