Василево, 6 мај 2012 (МИА) – Во присуство на вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, министерот за образование и наука Панче Кралев и градоначалникот на Василево Ванчо Стојанов, денеска свечено беше отворено новоизграденото монтажно училиште во Едрениково, општина Василево.

 

Изградбата на училиштето, кое е подрачно на основното училиште „Гоце Делчев" во Василево, претставува дел од Проектот на Владата на Република Македонија за „Изградба на 20 нови училишта во руралните средини".

 

Наставата за 16-те ученици од Едрениково досега се реализираше во несоодветен објект.

 

Министерот Кралев истакна дека со новата инвестиција изграден е соодветен училиштен објект со корисна површина од 90 метри квадратни, кој на учениците и наставниците ќе им обезбеди квалитетни работни услови.

 

Од утре наставата за учениците од Едрениково ќе се реализира во новиот објект, во кој се сместени две училници, санитарни јазли и просторија за наставници.

 

За реализација на проектот „Изградба на 20 нови училишта во руралните средини", Владата издвои 38 милиони денари, од кои повеќе од 2 милиони денари беа искористени за училиштето во Едрениково.

 

Во изградбата на училиштето, учествуваше и општина Василево со средства во износ од околу 800 илјади денари, кои беа искористени за поставување на темелна плоча, покривање на трошоци за инфраструктурни приклучоци, за хортикултурно уредување на дворот како и за други намени.

 

Comments are closed.