24 Јули, 2018 – Во 34 одделенија на Управата за имотно правни работи низ Македонија можат да се поднесуваат барања за приватизација на градежно земјиште. Секој работен ден, од 7:30 до 16:30 часот канцелариите се отворени за прием на барањата. Со измените на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост, се пролонгираше рокот за поднесување на барање за приватизација на земјиштето.

Барањето се поднесува во подрачното одделение во општината каде се наоѓа земјиштето.

Потребни документи за поднесување на барањето:

  • доказ за идентификација на барателот, односно лицата кои се негови наследници според прописите за наследување (фотокопија од лична карта или патна исправа за физички лица), односно извод од соодветниот регистар за правни лица;
  • правната основа, односно актот врз основа на кој е стекнато правото на користење на градежното земјиште на кое се однесува барањето за приватизација (закон, тапија, пресуда, договор, решение, одлука на надлежен државен орган и друго);
  • податоци за градежното земјиште од соодветната јавна книга и тоа: имотен лист од катастарот на недвижностите или поседовен лист од катастарот на земјиштето.

Во подрачното одделение добивате формулар, односно барање кој го пополнувате. Барањето и документите ги предавате на вработениот.

Во рамките на Управата функционираат 34 одделенија за управна постапка:

  • Берово, ул.”Димитар Влахов” бр.10, телефон: 033/470-698
  • Битола, ул.”Димитар Илиевски Мурато”бр.24б, телефон: 047/237-080, 047/237-070
  • Валандово, ул.”4 Јули” бб, телефон: 034/382-285, 034/383-020
  • Велес, ул.”Панко Брашнар” бр.1, телефон: 043/232-569 043/222-096 043/211-332
  • Виница, ул.”Бел Камен” бр.13, телефон: 033/363-287
  • Гевгелија, ул.”7 Ноември” бр.49, телефон: 034/215-390
  • Гостивар, Бул.”Браќа Гиновски” бб, телефон: 042/217-054,
  • Дебар, ул.”Вељко Влаховиќ” бб, телефон: 046/831-577
  • Делчево, Бул.”Македонија” бб, телефон: 033/412-142
  • Демир Хисар, ул.“Битолска“ бб, телефон: 047/275-911
  • Кавадарци, ул.”Маршал Тито” бб (зграда на Општината), телефон:043/418-836
  • Кичево, ул.”Борис Кидриќ” бр.1, телефон: 045/220-263
  • Кочани, ул.”Раде Кратовче” бр.1, телефон: 033/274-140 033/271-055
  • Кратово, плоштад “Павел Шатев” бб, телефон: 031/481-469
  • Крива Паланка, ул”Свети Јоаким Осоговски”бр.175, телефон: 031/375-008
  • Крушево, ул.”Никола Ѓуровиќ” бб, телефон: 048/477-090 048/477-024
  • Куманово, ул.”Гоце Делчев” бб, телефон: 031/426-423
  • Македонски Брод, ул.”Маршал Тито” бб, телефон: 045/275-791
  • Неготино, ул.”Ацо Аџи Илов” бб, телефон: 043/371-160 043/363-019
  • Охрид, ул.”Димитар Влахов” бб, телефон: 046/266-569 046/264-830
  • Прилеп, ул.”Питу Гули” бр.2, телефон: 048/425-553
  • Пробиштип, ул.”Јаким Стојковски” бр.3, телефон: 032/484-489
  • Радовиш, Бул.”Александар Македонски” бб, телефон: 032/635-067
  • Ресен, ул.”Борис Кидриќ” бб, телефон: 047/451-844, 047/454-895
  • Свети Николе, Плоштад “Илинден” бб, телефон: 032/440-905, 032/440-717
  • Струга, ул.”Димче Ковачевски” бр.2, телефон: 046/782-268
  • Струмица, ул.”Ленинова” бб, телефон: 034/321-543 034/345-352
  • Тетово, ул. “Дервиш Цара” бб, телефон: 044/340-375
  • Штип, ул.”Васил Главинов” бб,телефон: 032/386-776 032/385-664
  • Гази Баба – Скопје, ул.”Архимедова” бр.2, телефон: 02/3 134-605, 02/3211852
  • Карпош – Скопје, ул.“Никола Русински“ бб, зграда 1, влез 1, кат 1 телефон: 02/3 073-397, 02/3 062-282
  • Кисела Вода – Скопје, ул.”Борис Трајковски” бб, телефон: 02/2 779-064
  • Центар – Скопје, ул. „Даме Груев“ бр.14”, телефон: 02/3 211-420
  • Чаир – Скопје, ул.”Бутелска” бр.4, тел: 02/3 211-029 02/2621-485.

По поднесувањето на вашето барање службите ќе почнат со негова обработка. Министерството за финансии и Управата за имотно правни работи се сервис на граѓаните. Вработените и граѓаните се партнери во овој процес.

Comments are closed.