Делегација на руската компанија „Газпром“ в петок во Скопје ќе разговара со претставници на Владата за вклучување на Македонија во трасата на „Јужен Поток“.
 
Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска изјави дека ќе се обидат да ги убедат претставниците на „Газпром“ оти постојат можности за вклучување на Македонија во овој проект.
 
– Ќе направиме се да ги убедиме претставниците на „Газпром“ дека постојат можности коишто обезбедуваат и финансиска исплатливост на проектот за „Газпром“ и Република Македонија, за да се вклучи Македонија како транспортен коридор за Јужниот Поток или да биде приклучена во соодветен крак, што е од значаење за стабилноста и сигурноста за испораката на гас во иднина, рече министерот Ставрески.
 
Во составот на високата делегација на „Газпром“ ќе бидат двајца директори и потпретседатели на руската компанија.(МИА)