Градот Скопје ќе гради две катни гаражи во централното градско подрачје. Проектот е вреден 19 милиони евра. Дел од средствата обезбедува Градот од својот буџет, дел од продажба на деловните простории што ќе бидат изградени во рамки на катните гаражи, а дел со кредит од НЛБ Тутунска банка за што денеска беше потпишан договор меѓу Градот Скопје и Банката. Одобрение за кредитот даде и Минситерството за финансии.

&nbsp

Кредитот е во износ од 8,5 милиони евра со рок на отплата од 10 години, грејс период од две години и каматна стапка од еуролибор плус 5,1 отсто. Ова е прв проект на локална самоуправа во кој учествува домашна банка.

&nbsp

Според вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, тој ќе овозможи разавој на инфраструктурата и повеќе паркинг места во централното подрачје на Скопје, отворање нови работни места и се она што значи поквалитетен живот за граѓаните во главниот град.

&nbsp

– Проектот има значење и во контекст на напорите на Владата за поддршка на локалниот развој преку одобрување на вакви позајмици, при што само во текот на оваа година се одобрени 17 позјамици за општините. Дел преку финансирање од странски финансиски инститиуции, а дел од позајмици од буџетот, а еве сега почнуваме и со договори со домашните банки, рече Ставрески.

&nbsp

Истакнувајќи го заначењето на овој договор во контекст на поддршка на домашниот банкарски сектор за локалниот развој, тој оцени дека кредитот од НЛБ Тутунска е доказ оти домашниот банкарски систем има и сила и разбирање за финансирање на проекти што се значајни за Република Македонија.

&nbsp

– Со ова се отвора врата на еден посилен инвестициски циклус во рамки на општините што ќе биде финансиран од домашните банки. Тоа докажува дека домашните банки поседуваат потенцијал финансиски да го поддржат локалниот економски развој и експертиза и знаење да можат да ги оценат добро проектите кои носат економски развој и кои се профитабилни и можат да бидат одобрени од страна на банката, изјави Ставрески и додаде дека ова ќе биде добар пример и за останатите банки во Македонија да дадат поддршка на локалниот економски развој, како и за покрупни проекти на Владата.

&nbsp

Скопскиот градоначалник Коце Трајановски истакна дека Градот Скопје е една од инститиуциите во Македонија која има висок кредитен рејтинг и оти овој кредит ќе овозможи овој проект да биде навреме реализиран.

&nbsp

– Градот Скопје веќе се задолжува кај две странски банки. Меѓутоа оваа пракса и доверба сметам дека е важен чекор за почеток на инвестирање на домашните банки во локалната самоуправа, рече Трајановски и најави дека со општинските обврзници ќе почнат следната година за да финансираат некој од проектите на Град Скопје.

&nbsp

Директорот на НЛБ Тутунска банка Ѓорѓи Јанчевски истакна дека потпишувањето на денешниот договор е симболичен почеток на учество на банкарскиот сектор во финансирање на проекти од поширок општествен интрес или некој поголем почеток на работење на банкарски сектор со општините.

&nbsp

Се очекува изградбата на катната гража кај Цветен пазар да почне на крајот на јануари следната година, а на другата на „Даме Груев“ на крајот на март или почетокот на април. Предвидено е да бидат готови во 2012 година.

Comments are closed.