Данок

Даночен обврзник

Даночна стапка

Данок на добивка Правно лице–резидент на Република Македонија и постојана деловна единица на странско правно лице, за добивката што ја остваруваат од вршење на дејност на територијата на Република Македонија.

10%

Персонален данок на доход Физичко лице резидент на Република Македонија за неговиот светски доход, односно доходот што го остварува во земјата и странство, како и физичко лице нерезидент за доходот што го остварува од извори во Република Македонија.

10%

Данокот на додадена вредност Правно и физичко лице кое врши дејност на територијата на Република Македонија, а обврска за задолжителна регистрација за целите на ДДВ имаат само оние даночни обврзници кои во изминатата календарска година оствариле вкупен оданочив промет над 2.000.000 денари.

18% – општа

5% – повластена

Даноци на имот
 – Данок на имот Правно и физичко лице сопственик на имотот.

0,10%  до 0,20%

 – Данок на наследство и подарок Физички или правни лица-резиденти на Република Македонија, кои наследуваат имот или примаат имот на подарок во земјата или странство и странско физичко и правно лице-нерезидент за недвижниот и подвижниот имот што го наследува или прима на подарок на територијата на Република Македонија. 2% до 3%  – за обврзник од втор наследен ред

4% до 5%  за останатите

 – Данок на промет на недвижности Правно и физичко лице – продавач на недвижноста, а по исклучок, обврзник на данокот на промет на недвижности може да биде правно лице и физичко лице – купувач на недвижноста, доколку во договорот за купопродажба на недвижноста, е договорено данокот да го плати купувачот.

2% до 4%

Оваа вест е достапна и на: Albanian English

Comments are closed.

Close Search Window