Скопје, 31 октомври 2011 (МИА) – Македонскиот банкарски сектор и денарот како валута се сигурни и граѓаните може да веруваат во нив. Ова е пораката што ја упатија по повод Светскиот ден на штедењето вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, гувернерот на Народната банка на Република Македонија Димитар Богов и претседателот на Здружението за банкарство Ѓорѓи Јанчовски.
Шедењето, како што посочија, во Македонија расте. Штедните влогови на домаќинствата изнесува 158 милијарди денари. Во последните 12 месеци депозитите на населението се зголемени за 13 отсто, од кои денарското штедење е зголемено за 17 проценти, а во девизи за 9,5 отсто. Паралелно со депозитите, расте и кредитирањето – кај населението за 7, а кај фирмите 6,5 проценти.
– Македонија и македонскиот банкарски сектор се стабилни и граѓаните може да бидат сигурни во своите штедни влогови, а денарот е стабилна валута кој мометално обезбедува најголем принос за граѓаните, односно штедењето во денари е најисплатливо, порача вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, додавајќи оти тоа ја прави Македонија различна од останатите европски земји кои имаат проблеми и со стабилноста на банкарскиот сектор и со долгот.
Тој изрази задоволство што и во вакви околности кога во многу европски земји банките се соочуваат со сериозни проблеми, благодарение на супервизијата на НБРМ, задржувањето на високиот степен на фискална и монетарна дисциплина, како и благодарение на менаџирањето на банките од страна на нивните менаџери, банкарскиот сектор е во сигурни раце и граѓаните и фирмите можат да имаат целосна доверба во нив.
Гувернерот на Народната банка на Република Македонија Димитар Богов истакна дека особено се зголемува довербата во денарското штедење и оти е важно што во услови на кризни години има исклучително големи зголемување на штедењето на населението.
– Штедењето во Македонија оди во добра насока. Депозититите на населението во последните 12 месеци се зголемени за 13 отсто, од што оние во денари за 17 проценти, а во девизи зз 9,5 отост. Тоа покажува дека се зголемува довербата особено во денарското штедење, што е она што сакаме да го видиме и сакаме да го постигнеме. Ако споредиме со декември 2008 година депозитите на населението до септември 2011 се зголемени за безмалку 50 отсто, изјави Богов.
Според него, постојат повеќе причини за таквото зголемување. – Во овој период и покрај тоа што беа кризни години не дојде до значително намалување на расположивиот доход на населението, а истовремено во 2009 и до некаде 2010 година се намали потрошувачката, бидејќи населението беше внимателно и во услови на криза повеќе штедеше, истакна гувернерот, кој додаде дека стапките на зголемување на штедењето се пониски отколку во претходните години, бидејќи сега ги нема оние извори на доход кои беа во 2007 кога се продаваа акции на Берзата. Јанчовски смета дека за вакиот пораст на депозитите придонеле стабилноста на банкарскиот сектор, довербата во банките, макроекономската стабилност која е присутна во Македонија и покрај случувањата во светот.
Тој потенцира дека до крајот на годината нема да има налаување на каматитет за кредитите. Одговарајќи на новинарско прашање за тоа како штеди Владата, министерот Ставрески рече дека тоа се прави преку ниско ниво на буџетски дефицит, кој е најнизок во Европа и кој покажува дека Владата е посветена на фискалната дисциплина и на штедење, како во период на кризата, така и по неа. – Сметам дека со неколкуте мерки што ги спроведовме во насока на намалување на понепродуктивните расходи и одржување низок буџетски дефицит Владата се однесуваше многу домаќински во тој дел. Штедеше таму каде што требаше, а го поттикнуваше растот преку зголемување на капиталните инвестиции, бидејќи кога станува збор за јавните финансии битно е да се штеди онаму каде тоа нема да влијае врз економскиот раст и ние тоа го направивме,изјави министерот за финансии.