30 април 2019, Скопје – Министерството за финансии денеска ги објави податоците за државниот и јавниот долг за првото тримесечје од 2019, односно заклучно со март 2019 година.
На крајот од март 2019 година, државниот долг изнесува 38,3% од бруто домашниот производ (БДП), додека јавниот долг изнесува 46,2% од БДП.
Споредено со крајот од 2018 година, во првиот квартал од 2019 година државниот долг е понизок за 2,2 процентни поени, додека јавниот долг е понизок за 2,3 процентни поени.