Над 22 милиони евра врати државата на месечна основа во стопанството. Целта на Министерството за финансии е преку влечење на помалку средства преку државни записи, а враќање на повисоки суми да ја подобри ликвидноста во стопанството.

&nbsp

На денешната аукција министерствтото продаде 6-месечни државни записи со девизна клаузула во износ од 2.726.290.000 денари, со каматна стапка од 4,99 отсто, со што се задржува трендот на задржување на ниски каматни стапки.

&nbsp

Во текот на утрешниот ден за отплата достасуваат 2.500.000.000 денари, додека на 01.04 државата веѓе исплати по основ на доспеани записи 216.000.000 денари. По основ на доспеани обврзници за старо девизно штедење државата на 01.04 исплати 1.447.273.827,000 денари. Значи на месечна основа државата врати над 22 милиони евра во стопанството.

&nbsp

Министерството за финансии продолжува со реализирање на најавите за на намалување на износот на задолжување и ниска каматна стапка со цел да се подобри ликвидноста во стопанството, а на фирмите да им се овозмози пристап до капитал по пониски каматни стапки.

Comments are closed.