Скопје, 23 април 2013 (МИА) – Министерството за финансии ќе врати 815 милиони денари или околу 13 милиони евра во стопанството по основ државни записи. Утре доспеваат за враќање 3,292 милиони денари, додека на денешната аукција беа реализирани 2,477 милиони денари, соопшти Министерството за финансии.

 

Исто така, при денешната аукција каматните стапки беа намалени и до 0,35 процентни поенти, односно кај шетсмесечните записи од 3,70 на 3,40 проценти, кај едногодишните од 4,25 проценти на 3,9 проценти и кај петгодишната обврзница од 5,15 проценти на 4,9 проценти.

 

Целта е да се исполнат барањата на бизнис заедницата за подобрување на ликвидноста во стопанството преку намалување на зафаќањата на пазарот на капитал, се вели во соопштението.

 

Comments are closed.

Close Search Window