Министерството за финансии денеска исплати 483 милиони денари по основ доспеани 12 – месечни државни записи.
 
– Во насока на поддршка на стопанството и банкарскиот сектор, овие средства Министерствто не ги презапиша преку аукција на државни записи, туку истите се исплатени назад на банките, соопшти Министерството за финансии.
 
Во соопштението се наведува дека Министерството за финансии, согласно ветувањата кон бизнис заедницата во јули ја намали каматната стапка на државните записи на историско најниско ниво од 4,7 отсто.
 
– Преку намалување на каматната стапка и износите на задолжување Министерството за финансии продолжува со настојувањата за подобрување на ликвидноста во стопанството и овозможување полесен пристап до капитал за фирмите по пониски каматни стапки, се наведува во соопштението.(МИА)