Скопје, 30 јануари 2015 (МИА) – Државниот долг во четвртиот квартал од 2014 година е намален за  93,3 милиони евра, а јавниот долг за 62,7 милиони евра.

Согласно податоците кои денес ги објави Министерството за финансии, државниот долг изнесува 3.262,5 милиони евра, што претставува 38,1 отсто од БДП, или споредено со претходниот квартал претставува намалување за 1,1 процентен поен.

Јавниот долг на 31.12.2014 година изнесува 3.921,3 милиони евра, што е 45,8 отсто од БДП, и споредено со претходниот квартал претставува намалување за 0,7 процентни поени.

Како што информираат од Министерството за финансии, намалувањето на долгот се должи на намалување на задолжувањето преку државни хартии од вредност за 74,1 милиони евра и отплатата на обврските по основ на надворешен долг во износ од 88,9 милиони евра.

Оваа вест е достапна и на: English

Comments are closed.

Close Search Window