4 јули 2017, Скопје – Со цел реализирање на расходите во Буџетот за 2017 година, Министерството за финансии, како што веќе најави, повлече средства од домашниот пазар на капитал за финансирање на буџетскиот дефицит.

За да ја покрие разликата помеѓу приходите и расходите, како што е проектиран Буџетот за 2017 година, Министерството за финансии на денешната аукција на државни хартии од вредност повлече повеќе средства во однос на сумата што доспева за враќање утре, по основ на стари долгови од издадени државни хартии од вредност.

Како што најави министерот за финансии д-р Драган Тевдовски, целта на овие задолжувања е да се обезбедат средства за финансирање на дефицитот по најевтина каматна стапка.

На денешната аукција на државни хартии од вредност беа издадени шестмесечни државни записи со и без девизна клаузула, 12-месечни записи и 15-годишна обврзница.

Comments are closed.