3 мај 2019 година, Молдавија – Заменик министерот за финансии, Ширет Елези, присуствува на годишниот состанок на Управниот одбор на Центарот за инвонредност во финансиите (ЦЕФ) кој се одржува во Молдавија. Таа ќе се обрати на тркалезната маса на Управниот одбор. Темата за дискусија е “Ефективна координација на централните банки и министерствата за финансии“.
На средбата учествуваат високи претставници од министерствата за финансии и централните банки од земји членки на ЦЕФ.
Членови на Управниот одбор на ЦЕФ се министрите за финансии и гувернерите на централните банки на земјите членки на ЦЕФ: Албанија, Бугарија, Македонија, Молдавија, Црна Гора, Романија и Словенија. Ова се земјите коишто го ратификуваа или пристапија кон Договорот за основање на ЦЕФ како меѓународна организација, додека ЦЕФ целосно им служи на институциите корисници од 12 земји од цела Југоисточна Европа.
Управниот одбор е тело за одлучување на ЦЕФ коешто одлучува за програмата и стратегијата на ЦЕФ. На состанокот, Одборот треба да го потврди годишниот извештај на ЦЕФ за 2018 година и да ги разгледа темите поврзани со управувањето и со програмата.