3 септември 2020, Скопје – Заменик министерката за финансии, Ширет Елези, присуствуваше на денешната седница на економско социјалниот совет со кој претседаваше министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.
Економско-социјалниот совет е трипартитно тело во кое членуваат министрите и заменик министерите за труд и социјална политика, финансии и економија, заменикот на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, претседателите и членови на Сојузот на синдикати (ССМ) и на Организацијата на работодавачи.
На седницата чија главна цел беше меѓусебно запознавање, беше разговарано за моменталната состојба, предизвиците со кои се соочуваат компаниите, за донесените мерки, но и за изнаоѓање нови решенија и мерки, со цел подобрување на економијата.
Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска посочи дека продлабочувањето на дијалогот помеѓу работодавачите, синдикатите како претставници на работниците и Владата е од особено значење, особено во насока на носење на законски решенија кои ќе бидат во интерес на сите страни и на кои ќе им претходи добра анализа и консултации од страна на сите учесници.
Вицепремиерот Фатмир Битиќи од своја страна истакна дека средбите како денешната се од големо значење воедно предложи вакви средби да се оддржуваат редовно, најмалку еднаш во месецот.
Од страна на останатите членови на ЕСС предлогот за почести средби и отворен социјален дијалог беше поддржана и поздравенa.