1 декември 2017, Струга – Заменик Министерот за Финансии д-р Ширет Елези учествување на  Националниот Форум на градоначалници и градоначалнички организиран од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

 

 

 

На форумот се разговараше за процесот на пренесување на одговорностите на општините и обезбедувањето на соодветно финансирање за давање локални јавни услуги.

– За општините се важни блок дотациите. За блок дотациите, наменските дотации и ДДВ-то предвидовме зголемување на 893 милиони денари повеќе од предходната година или за околу 4,6 проценти повеќе средства во однос на 2017 година.  Зголемени се и средствата за Рамномерен регионален развој кој се за 100 милиони поголеми со новиот буџет или за 47 проценти повеќе во однос на 2017 година – истакна заменик министерката Елези.

Елези притоа ја истакна и важноста на транспарентното и отчетно работење. Во оваа насока се и новите измени во Законот за сметководството за буџетите и буџетските корисници кои се донесени од страна на Министерството за финансии за јавно објавување на финансиските извештаи за сите буџетски корисници и на локалните власти.

На дводневната дебата присуствуваше и претседателот на Влада, Зоран Заев, шефот на делегацијата на Европската Унија, Самуел Жбогар, претставничката на УНДП, Луиза Винтон, министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу и заменик министерот за локална самоуправа, Дејан Павлески.

Претседателот на Владата, Зоран Заев пред учесниците на форумот потенцира дека Владата е цврсто определено да овозможи рамномерен регионален развој и квалитетен живот за сите граѓани во државата.

Премиерот информираше дека се прават напори да се овозможи враќање на долговите на општините кои сега изнесуваат 250 милиони евра преку кредити со помали камати со грејс период со што ќе се овозможи компаниите на кои ќе им бидат вратени долговите, повторно да вложуваат.

Comments are closed.