28 номеври 2019, Скопје – Средствата за рамномерен регионален развој со Предлог-буџетот за 2020 година се удвоени во однос на 2016 година, истакна заменик министерката за финансии Ширет Елези на гостување на Алсат-М телевизија. Таа посочи дека преку долгорочна стратегија се создава програма за рамномерен регионален развој, како и дека преку швајцарската Агенција за развој изработен е софтвер кој ги таргетира проектите кои се планирани во сите министерства согласно рамномерниот развој.

-Моментално 560 милиони денари тие се предвидени за 2020 година што преставува 100% повеќе средства отколку што биле во периодот од 2016 година. Не се само овие средства кои се за рамноправен регионален развој затоа мислам дека концептот воопшто за рамноправниот регионален развој не се гледа само во овие две институции или овие буџетски ставки но имаме и позиции на регионален развој кои се по сите ресорни министерства како што се во Министерството за транспорт, за инфраструктурни инвестиции во делот на гасификација, во неколку делови на железници или во неколку дела на патните правци потоа имаме и различни инфраструктурни кои ги имаме вон буџетот кои се составен дел на програмата на Претпријатието за државни патишта. Концептот на предвидување на рамноправниот регионален развој треба да се редефинира знаејќи дека стратегијата за регионален развој ја донесува Собранието на Република Македонија тоа е долгорочен документ од 10 години, после тоа се создава програма за рамноправниот регионален развој која е во период од 5 години и потоа доаѓаат регионално-планските програми. Верувам дека во вклучувањето на сите лица или бизнис секторот кој ќе биде во периодот на изготвување на стратегијата да се вклучат за концептот да биде подготвен како што треба. Во моментов користејќи го овој формат што го имаме во буџетот за следната година, ние заедно со швајцарската Агенција за развој, преку вицепремиерот за економски прашања имаме софтвер кој е обврзан да ги таргетира сите проекти кои се планирани во сите министерства затоа што имаме и изградба на училишта, реконструкција на патишта, изградба на железници, тие не се дел од Бирото за рамноправен регионален развој – рече Елези.

Таа посочи дека економијата е во добра кондиција и дека при креирањето на буџетот за 2020 година во предвид биле земени макроекономските резултати од последните осум квартали.

Ако ги гледате сите индикатори за претходните осум квартали во сите аспекти имаме зголемување, директни странски инвестиции каде просечно имаме раст од 771 милион евра кои на пример во кварталите во 2015-2017 има раст од 451 во просек. Исто така имаме зголемување на индустријата осум квартали над 8,8%, исто така освен економскиот раст кој го рековме, ние во делот на буџетскиот дефицит ќе видите дека имаме намалување на финансирање на буџетскиот дефицит, што покажува дека имаме прелевање на приходи кои ги покриваат предвидените трошоци во следниот буџет, или за 2020 година имаме 2,3%.-рече Елези.

Оваа вест е достапна и на: Albanian

Comments are closed.

Close Search Window