9 ноември 2018 година – Во струшкото село Франгово започна изградбата на канализациската мрежа со чија изведба значително ќе се подобри квалитетот на животот на две илјади жители во ова село.
 

Вкупната вредност на договорот е 16,8 милиони денари од кои 14,2 милиона денари ги обезбедивме од ЕУ, додека 2,5 милиони се обезбедени од самата општина, информира заменик-министерот за финансии, Ширет Елези која денеска беше во Струга.

Градоначалникот Рамиз Мерко вели дека овој проект е дел од западниот колектор за заштита на Охридското Езеро. 

Средствата се обезбедени преку проектот на Светска банка за подобрување на општинските услуги.

Дополнително, како што информира Елези, во Струга се градат канализациски мрежи, локални патишта и водоводни мрежи чија вредност е над 70 милиони денари.

– До крајот на годинава ќе заврши и изградбата на граничниот премин Ќафасан чија вкупна вредност е 92 милиона денари. Дополнително, во рамки на проектот за подобрување на општинските услуги, Струга ќе добие грант средства за фотоволтаични системи за три објекта. Севкупно, во проекти во Струга инвестираме 300 милиони денари, информира Елези.

 

Comments are closed.