Скопје, 25 октомври 2011 (МИА) – Со европски пари во износ од милион евра во наредните 16 месеци ќе се подбруваат капацитетите на Бирото за јавни набавки при Министерството за финансии. Најдобрите европски практики на полето на јавните набавки ќе му ги пренесува германското Сојузно министерство за економија и технологија.
Ова го предвидува Твиниг проектот „Поддршка на системот за јавни набавки“, што денеска почна да се спроведува, а чија цел е обезбедување ефективни јавни набавки со промовирање на делотворно искористување на државните буџетски средства при испораката на квалитетни јавни услуги до граѓаните, со високо ниво на транспаренстност и отчетност.
– Приоритет на Твиниг проектот ќе биде натамошното усогласување со европското законодавство и имплементација на добрите практитки од јавните набавки кои ги применува Германија. Фокусот ќе биде ставен на засилувањето на системот на правна заштита во постапките за доделување на договорите за јавна набавка.
Постигнувањето на целите зацртани во овој Проект ќе придонесе за појасна перцепција на улогата на Бирото за јавни набавки, како и за одржување на довербата на јавноста кон субјектите од јавниот сектор, рече вицепрмеиерот и министер за финансии Зоран Ставрески на отворањето на конференцијата за презентирање на Твининг проектот во ЕУ Инфоцентарот во Скопје.
Тој посочи дека е потребена континуирана надградба на кадарот специјализиран за проблематиката на јавните набавки, како од јавниот, така и од приватниот сектор. Во изминатите неколку години, потсети, има контиинуиран напредок на ова поле и беа спроведени бројни активности и мерки предвидени во Стратегијата за развој на системот за јавни набавки на Бирото за јавни набавки за периодот 2010-2012 година.
– Забележителни се придобивките од е-набавките особено во зголемувањето на транспарентноста, конкуренцијата, и ефикасноста во постапките. Годинава гаранцијата на задолжителни е-набавки беше подигната на најмалку 70 отсто од вкупната проценета вредност на сите јавни договори, а од 1 јануари идната година границата се подига на 100 проценти, рече Ставрески.
Посочи дека усогласувањето на националните сиситеми за јавни набавки на земјите – членки и земјите – кандидати за членство е еден од најважните инструменти за јакнење на внатрешниот пазар и отстранување на пречките за слободна трговија во рамки на ЕУ.
Вршителот на должност шеф на Делегацијата на ЕУ во Македонија Роберт Лидл порача дека преку зацврстувањето на контролните и надворешните надзорни механизми ќе се избегне фаворизирањето на понудувачите на тендерите без да се даде објаснување.
– Проектот треба да помогне и во подобрувањето на сликата на полето на откажувањето и пропаѓањето на тендерите преку спроведување на анализа на потешкотиите со кои се соочуваат економските оператори, а воедно ќе се процени и учеството во процедурите на јавните набавки. Ќе се направи и акциски план за да се помогне во спроведувањето на овие прашања, рече Лидл.
Директорот на Бирото за јавни набавки Маре Богева Мицовска посочи дека преку Твиниг проектот ќе се збогатат активностите на Бирото на меѓународно поле и ќе се помогне да се развијат капацитетите и практитките за јавни набавки во Македонија.
– Република Македонија е лидер во регионот во електронските јавни набавки и аукции. Придобивките од нивното воведување се големи, почнувајќи од зголемувањето на транспарентноста, конкуренцијата, економичноста и ефикасноста, па до заштедата во средства, време и човечки ресурси, рече Богева Мицовска.
Иако нашата регулатива е оценета одличено и е во согласност со добрата меѓународна пракса, нагласи, сепак во делот на усогласувањето со правната рамка на ЕУ ни престои уште ребота.
– Во изминатиот период беа донесени нови директиви и регулативи во ЕУ за јавни набавки кои треба детално да се анализираат и да се направи план како да се имплементираат кај нас, што е цел и задача и на Твиниг проектот, рече Богева Мицовска и додаде дека во полето на јавни набавки се забележува значаен напредок во последниот Извештај на ЕК за напредокот на земјава.
Твиниг прокетот е состевен од осум компоненети од кои првата е преку јавни конференции да се постигне поголема видливост на Бирото. Втората е помош во поглед на усогласувањето на законската рамка за јавни набавки со правото на ЕУ, третата, проценка на тешкотиите со кои се соочуваат економските оператори додека учествуваат во постапките за јавни набавки, а четврата помош при развојот на националната стратегија за развој на системот за јавни набавки. Петтата компоненета е развој на оперативни алатки за анализа на постоечките модели на договори, упатства и прирачници, шестата, помош при развојот на платформата за е набавки, седмата, градење на капацитетите на Бирото за јавни набавки и осмата, зајакнување на професионалниот капацитет на службениците за набавки во договорните органи преку обуки.