Во насока на ублажување на последиците од светската економска криза, Владата во ноември минатата година го донесе првиот пакет од десетина антикризни мерки.

Во насока на ублажување на последиците од светската економска криза, Владата во ноември минатата година го донесе првиот пакет од десетина антикризни мерки. Еден дел од мерките се однесуваа на фирмите кои се во подобра финансиска кондиција, преку олеснувањата кај данокот на добивка, намалените царини и социјални придонеси. Останатите мерки беа насочени кон претпријатијата кои се соочуваат со нарушена ликвидност и долгогодишни наталожени долгови кон државата, работниците и други субјекти. Шест месеци по донесувањето на овие мерки, време е  да се осврнеме на ефектите. Притоа, овој текст ќе ги опфати ефектите од мерките насочени кон претпријатијата со долгогодишни ликвидносни проблеми и долгови.

 

Со Законот за отпис на камати по основ на даноци и придонеси за задолжително социјално осигурување, се даде можност за отпишување на сите неплатени камати достасани до 31 декември 2008 година. Со оваа мерка, Владата помогна да не се загрози дополнително ликвидноста на фирмите во услови на економска криза и отежнат пристап до кредити. До законски определениот рок 31.01.2009 година, 3.855 фирми доставиле барање до Управата за јавни приходи за искористување на оваа поволност, со вкупен износ на долг (главница и камата) од 10.3 милијарди денари (167 милиони евра). Притоа, фирмите побарале отпис на камати во износ од 4 милијарди денари, а за да го добијат тоа право, се обврзале да го измират главниот долг во износ од 6.3 милијарди денари. Во првите 4 месеци од годината, 758 фирми намириле над 770 милиони денари главен долг, со што им се отпишани камати во износ од 658 милиони денари. Останатите пријавени претпријатија можат да ја искористат опваа поволност до крајот на 2009 година, при што процентот на отпис на каматата се намалува колку подоцна се исплати главницата.

 

Со Законот за мирување и отпишување на обврските по основ на придонеси за задолжително здравствено осигурување се регулираат заостанатите долгови за здравствено осигурување заклучно со 31 октомври 2008 година. На фирмите им се даде можност, долгот заедно со каматите да се стави во мирување во периодот од четири години. Во следните четири години нема да се бара наплата на средствата, ниту ќе се пресметуваат камати, но под услов редовно да се плаќаат тековните обврски. Вкупно 1.435 фирми, 582 трговци поединци и 1.058 земјоделци имаат поднесено барања, со што во мирување е ставен вкупен долг од 920 милиони денари. Доколку во наредните 4 години редовно го плаќаат здравственото осигурување, главниот долг и каматата кои се ставени во мирување, ќе се отпишат во целост. Што е уште позначајно на 9.417 земјоделци, претприемачи и вработени, со оваа мерка им се овозможува регулирање на тековното здравствено осигурување и непречено користење на здравствени услуги.

 

За четири државни фирми: Охис, ЕМО, Тутунски Комбинат и Еурокомпозит, се предвиде конверзија на сите побарувања на државата во траен влог во друштвата. Се работи за претпријатија кои имаат значителни потешкотии во работењето, големи наследени долгови кон државата, а кои истовремено ангажираат голем број на вработени и имаат значајно влијание врз економскиот раэвој во соодветните општини. За сериозноста на оваа мерка зборуваат бројките, односно големината на долговите на четирите друштва, кои изнесуваат околу 8 милијарди денари, односно околу 131 милиони евра.

 

Притоа, во Охис, државата ќе конвертира околу 47 милиони евра. Што е поважно эа работниците, со уплата на околу 27,5 милиони евра во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ФПИОМ) ќе се регулира долги години нерегулираниот и неуплаќан работен стаж на 4.465 работници. Истовремено, со уплатата на 204.000 евра во Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), ќе им се плати здравственото осигурување на овие вработени. Кај ЕМО Охрид и капитално поврзаните друштва Владата ќе конвертира 7,2 милиони евра. Притоа, со уплата на 3 милиони евра во ФПИОМ ќе се регулира работниот стаж на 2.080 вработени, а со уплата на 627.000 евра во ФЗО ќе им се плати здравственото осигурување. Во Еурокомпозит Прилеп ќе се конвертираат во акции обврски на фирмата кон државата во иэнос од 8,6 милиони евра. И овде со уплата на 2,8 милиони евра во ФПИОМ ќе се регулира работниот стаж на 506 вработени, додека со уплатата на 74 милиони денари или 1,2 милиони евра ќе им се плати здравственото осигурување. Конечно, кај најголемиот должник Тутунски Комбинат Прилеп, Владата ќе конвертира во акции свои побарувања од фирмата во иэнос од 69,6 милиони евра. Притоа, ќе се регулира работниот стаж на 1.184 вработени со уплата на 1,7 милиони евра во ФПИОМ.

 

На овој начин, Владата презеде смел чекор во решавање на проблемот со хроничната презадолженост на македонските фирми. Со тоа се обеэбеди опстанок на голем број стопански субјекти во услови на најголемата светска криэа, како и сочувување на работните места эа илјадници вработени во овие фирми. Воедно, овие мерки индиректно ќе им помогнат и на многу други македонски фирми кои токму поради презадолженоста на фирмите кои се опфатени со првиот пакет на антикриэни мерки,  со години не можеа да си ги наплатат сопствените побарувања од нив. Со санирањето на долгогодишните проблеми, по эавршувањето на криэата овие фирми ќе можат да се фокусираат кон раэвојот и иднината, наместо кон минатото. Конечно, со исчистени биланси тие ќе станат поатрактивни за продажба на заинтересирани стратешки инвеститори.

 

Вкупната поддршка эа стопанството само од неколкуте мерки аналиэирани во овој текст, пред се насочени кон фирмите со наследени проблеми и долгови, изнесува околу 250 милиони евра. Воедно, эа 8.235 работници се регулираа долгогодишните неплатени обврски эа пенэиско и эдравствено осигурување. Што е најважно, најголем број на работници ги эадржаа своите работни места во овие криэни времиња.

Comments are closed.