14 декември 2017, Поградец-На состанокот беа разгледани неколку теми поврзани со унапредување на билатералната соработка помеѓу двете Влади предводени од Премиерите на Македонија г-дин Зоран Заев и г-дин Еди Рама Премиер на Албанија.

Во рамките на овој настан, заменикот министерот  за финансии  Ширет Елези  одржа работен состанок со албанскиот заменик министер за финансии и економија Албана 

Шкурта  каде што беа разменети информации за многу прашања во доменот на управувањето со јавните финансии. 

Меѓу другото, двајцата заменици министри разговараа за поттикнување на заемна заштита на инвестициите, зголемена соработка со царинските органи, зголемена соработка во делот на надворешно трговската размена на Република Македонија со Република Албанија, оданочувањето, реформските процеси  и друго.

Таа нагласи дека Република Македонија како држава е определена кон изградба и унапредување на добрососедските односи, не само затоа што и е тоа потребно за евро-атлантските интеграции, туку затоа што добрососедските односи значат напредок во регионот,  и напредок и на Република Македонија.

Comments are closed.