14 мај 2018 година, Росоман – Официјално е означен почетокот на изградбата на патниот правец Градско – Дреново, како дел од Коридор 10. За оваа патна делница се очекува да бидат потрошени 23 милиони евра. Од нив 19,6 милиони евра се грант средства добиени од ЕУ преку Инструментот за пред – пристапна помош. Останатите 3,5 милиони евра ќе бидат обезбедени од Буџетот на РМ.
Овој проект е еден од позначајните инфраструктурни проекти коишто се очекува да се реализираат во транспортниот сектор во рамките на Новата финансиска перспектива на ЕУ за периодот 2014-2020 година. Со оваа програма се обезбедени вкупно 108 милиони евра за патна и железничка инфраструктура.
Министерот за финансии Тевдовски заедно со амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар, и министерот за транспорт и врски Сугарески денеска ја посетија и железничката станица во Градско. Железничката станица е дел од проектот за рехабилитација на 10 железнички станици долж Kоридорот 10. Целта е подобрување на услугите на граѓаните кои патуваат и обезбедување подобри услови за лицата со инвалидитет. Проектот за обнова на железничките станици е со вредност од речиси два милиони евра, обезбедени преку ИПА компонентата за регионален развој.