ИЗВЕСТУВАЊЕ
Почитувани граѓани,
Ве известуваме дека рокот за поднесување на барањата за еднократен отпис на долговите истекува на 13 октомври 2014 година во 16.30 часот.
Ги повикуваме граѓаните кои имаат право на отпис на долговите, а сеуште не поднеле барање, да се обратат до Центрите за социјална работа во местото на живеење и да го пополнат образецот-барање за остварување на правото на еднократен отпис на долговите.
Потсетуваме дека право на отпис имаат:
- корисници на социјална парична помош или корисници на постојана парична помош;
- невработени подолго од 12 месеци (заедно со брачниот другар, доколку е во брак), а кои активно бараат работа, не оствариле приходи поголеми од 105.600 денари во 2013 година и кои не поседуваат друг имот освен стан во кој живеат и
- лица кои поради сопствен инвалидитет или болест, или поради инвалидитет, болест или смрт на брачниот другар, западнале во финансиски тешкотии и не биле во можност да гу плаќаат долговите,
Се отпишуваат долговите кои настанале до 31.12.2013 година за:
- Електрична енергија кон ЕВН
- Топлинска енергија кон Топлификација
- Радиодифузна такса – кон МРТВ
- Кредитни картички, пречекорувања на трансакциски сметки и потрошувачки кредити – кон деловните банки и штедилниците.