Скопје, 24 август 2016 (МИА) – Со цел побрза исплата на средства во услови на елементарни непогоди, како што беше поплавата на 6 август, Министерството за финансии денес предложи по брза постапка да се направат измени на Законот за буџет со што ќе се овозможи Министерството да прави прераспределба на средства до 5 отсто од Буџетот.

Министерот за финансии Кирил Миноски денес на собраниска седница, на која Законот доби поддршка да оди по брза постапка, образложи дека е нужно носење ваков закон за во иднина постапката за обесштетување да оди многу побрзо.   

Инаку, Владата веќе ги исплаќа авансните средства на граѓаните што претрпеа штета од поплавите. Целосната исплата на штетите ќе се изврши откако ќе помине ребалансот со кој се предвидуваат средства за поплавата, за кој расправата е закажана следната недела во Собранието.

 

Оваа вест е достапна и на: English

Comments are closed.