Скопје, 28 јануари 2014 (МИА) – Индустриското производство во текот на минатата година забележа пораст од 3,2 проценти, а во декември 2013 година во однос на декември 2012 година бележи раст од 9,5 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен бележи опаѓање од 4,2 отсто, додека во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 13,1 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 1,9 отсто.

Според главните индустриски групи, производството во декември 2013 година, во однос на декември 2012 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи освен енергија за 4,8 отсто, Капитални производи за 43,8 отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 4,3 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 14,2 отсто, додека опаѓање бележи кај Енергија за 7,1 отсто.

Оваа вест е достапна и на: English

Comments are closed.