"Македонија сега му дава приоритет на развојот пред стабилноста – и со тоа бележи први успеси"
"Македонија сега му дава приоритет на развојот пред стабилноста – и со тоа бележи први успеси"
Виена. Со промената на владејачката структура во средината на 2006, Македонија влезе во ново политичко – економско доба. Ако минатата социјал – демократска власт обрнуваше повеќе внимание на стабилноста, новата македонска влада даде приоритет на развојот.
Намалувањето на даноците привлекува инвеститори.
Единствено што недостасува во моментот е импулс за отпочнување на бум. “Потребен ни е позитивен шок”, вели Зоран Ставрески, заменик претседател на Владата на РМ за економски прашања., во разговорот со “Die Presse” . Умниот млад политичар во средата престојуваше на Конференција за инфраструктура во Виена на покана на “Business Circle”.
Првата мерка беше намалување на данокот на добивка на 12% – во 2008 истиот треба да се намали на 10%, најниска стапка во Европа. Овој сигнал се чини стигна до странските инвеститори. По неколкуте големи британски и американски компании од автомобилската индустрија, пред една недела во Македонија влезе и големиот банкарски гигант Societe Generale. Сега Стеврески се надева дека таквите големи инвестиции ќе привлечат голем број помали инвеститори.
Промената на стратегијата досега се исплатеше: Нивото на раст ,кое долги години беше под 2 % и во минатата година благо се искачи на 3,2 проценти, според прогнозата на Владата треба двојно да се зголеми на 5,5 до 6 проценти. Инфлацијата треба да остане на нивото од два процента.
Постигнато ниво од 1990
Во очите на Ставрески постои доволно место за понатамошен развој. “Ние сме многу оддалечени од нашиот потенцијал за економски развој ” , убеден е тој. Дури минатата година земјата го достигна нивото на БДП од 1990 година., пред распадот на Југославија. Со цел д а се стимулира развојот , Владата сега инвестира многу во слабо развиената инфраструктура .
Најголем приоритет имаат двата европски коридори, коридорот X ( Север – Југ) и коридорот VIII (Исток -Запад) . Особено тешко е последното поврзување помеѓу Бугарија и Албанија : Сумата во висина од 750 мил.евра потребна за тое ги надминува на земјата со два милиони жители, поради што ќе биде доделена концесија на приватни инвеститори.
Огромни инвестиции се потребни и во енергетскиот сектор. Земјата страда од варијабилен енергетски дефицит, кој што се зголеми уште повеќе со решението на ЕУ да се затвори дел од бугарската нуклеарна централа Кослодуј. На тендер се распишани термоелектрана вредна околу 300 мил. евра , три големи хидроцентрали (700 мил.евра) и 400 мали хидроцентрали. Покрај тоа, треба да се развива и туризмот. Покрај реконструкциите на Аеродромите во Скопје и Охрид ќе се развиваат и скијачките центри како и туристички понуди од областа на културата и винарството.
Косово: Суштината е решена
Според Ставрески одлучувачко значење има решавањето на косовската ситуација
.
На образованиот економист му е сеедно како ќе се реши прашањето – се додека има општо прифатливо решение. Стaврески:
“
Би било катастрофално доколку не се реши ситуацијата. Вакватa несигурност во регионот го отежнува привлекувањето на инвеститори.