11 декември 2017, Скопје – Денеска, во организација на “Отворено општество“ и “Евротинк“ се одржа презентација на студијата Управување со Инструментот за претпристапна помош – практики и предизвици.

Министерот за финансии, д-р Драган Тевдовски, истакна дека целта е да се подобри функционирањето на ИПА структурите во согласност со правилата и препораките на Европската Унија во насока на зајакнување на меѓуинституционалната координација и поголема транспарентност и отчетност на сите вклучени чинители во процесот.

Искористувањето на средствата од ИПА е значаен приоритет за Владата на  Македонија.

– Затоа ние одлучивме да почнеме со подготовка на план кои ќе ги адресира предизвиците и ќе ги подобри капацитетите за поголема апсорпција на ИПА фондовите. Наши појдовни основи во изработката на планот за подобрување на искористеноста за ИПА се следните три предизвици/приоритети: Прво, да се обезбеди поголема посветеност од највисоко политичко ниво во однос на спроведувањето на ИПА во Македонија, што не било случај со претходната Влада. Ова е особено значајно при навремено дефинирање на приоритетни проекти кои што ќе се финансираат од овој инструмент. Владата веќе отпочна со оценување на релевантноста на приоритетните проекти кои ќе се финансираат со ИПА финансиската перспектива 2014-2020 со цел навремено да се реализирааат овие средства. Комплексноста на поставеноста на системот за управување односно вклученоста на бројни институции во процесот доведува до отежнување на управувањето со проектите, и во некои случаи до доцнење во носењето на одлуките, истакна министерот Тевдовски.

Целта, како што додаде, е да се подобри функционирањето на ИПА структурите во согласност со правилата и препораките на Европската Унија во насока на зајкнување на меѓуинституционалната координација и поголема транспарентност и отчетност на сите вклучени чинители во процесот. Последен, но не помалку важен приоритет е да се подобри екипираност на структурите за управување со ИПА фондовите во земјава и да се води грижа за задржување на обучениот кадар во институциите.

Comments are closed.