Министерството за финансии ги информира производителите на тутун дека исплатата на субвенциите за тутунот ќе започне на 17 мај, 2010 година.

&nbsp

Во текот на следните неколку дена Министерството за финансии ќе врши прием и обработка на налозите доставени од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и веднаш потоа ќе пристапи кон реализација на истите. Средствата за исплата на субвенциите за тутун за 2010 година се во целост обезбедни во буџетот на 2010 година.

&nbsp

Се очекува износот на средства субвенции за тутунарите годинава да достигне 1.390.000.000 денари.

Comments are closed.