5 јуни 2017, Скопје – Министерството за финансии денеска на сметките на 301.660 пензионери исплати 4 милијарди 174 милиони денари пензија за мај.

Денес се исплатени и студентските стипендии. Студентите ги добија стипендиите за последните 5 месеци во висина од 118,2 милиона денари.

Исто така, денес Министерството исплати 439 милиони денари за субвенции, од кои за житни култури 114,1 милион денари, за лозови насади 31,8 милиони денари, за градинарски култури 36,3 милиони денари, за мерката одгледување говеда 100 милиони денари, за одгледување  овци 154 милиони денари и за млеко 2,7 милиони денари.

 

Comments are closed.