Скопје, 4 декември 2015 (МИА) – Владата денеска ја исплати пензијата за овој месец. На сметките на 300.047 пензионери префрлени се 3 милијарди 849 милиони денари. Просечната пензија заклучно со овој месец изнесува 13.077 денари.

– Исплатата на пензиите се одвива и ќе продолжи да се одвива редовно во секоја прва недела од месецот. Поддршката на животниот стандард на пензионерите и социјалните категории останува приоритет на Владата, се наведува во соопштението на Министерството за финансии.

Comments are closed.