Скопје, 23 февруари 2015 (МИА) – Владата денеска исплати 130.000.000 денари субвенции за градинарски култури. Министерството за финансии соопшти дека средствата се исплатени на сметките на 8.595 земјоделци.

Владата на земјоделците им исплаќа од 25.000 до 30.000 денари по хектар засадена површина со градинарски култури.

– Владата на Република Македонија ќе продолжи и во иднина да го поддржува градинарството со субвенции, како и сите останати гранки во земјоделството, се наведува во соопштението.

Comments are closed.

Close Search Window