Скопје, 11 јули 2012 (МИА) – Министерството за финансии денеска исплати 149,8 милиони денари субвенции на 4.726 земјоделци по повеќе основи.
За растително производство се префрлени 55,7 милиони денари на 272 земјоделци за подигање нови и одржување постоечки лозови насади, а за сточарско производство 21,45 милиони денари на 3.453 земјоделци за директни плаќања за добиено теле и директни плаќања по грла маторици.
Исплатени се и 62,13 милиони денари за органско земјоделско производство на 991 земјоделци, додека за помош за премии за осигурување се реализирани 10,5 милиони денари.