Министерството за финансии од почетокот на неделава до денеска исплати над 150 милиони денари субвенции за финансиска поддршка на земјоделството.
 
Како што соопшти Министерството, од нив, само за поддршка по обработлива земјоделска површина за поледелски култури исплатени се над 65 милиони денари, за поддршка на градинарското производство 13,3 милиони денари, за одржување на постоечки лозови насади се исплатени речиси 17 милиони денари, а за подигање нови овошни насади над 7 милиони денари. За субвенции за поддршка на сточарството исплатени се преку 42 милиони денари и тоа за обележани грла говеда, овци, кози, финансиска поддршка по грла маторици и регистрирани пчелни семејства. Само за финансиска поддршка за обележани грла овци од сите категории, исплатени се речиси 30 милиони денари.
 
Најмногу субвенции има исплатено во Прилеп над 70 милиони денари, потоа Радовиш со 27 милиони денари, а во Струмица се исплатени 10, 6 милиони денари.
 
– Преку финансика поддршка на земјоделството Владата на Република Македонија настојува да го поттикне овој клучен сектор во економијата, како во квантитет, така и со квалитет, се наведува во соопштението од Министерството за финансии.(МИА)