Скопје, 9 јули 2012 (МИА) – Министерството за финансии денеска исплати 162,4 милиони денари субвенции за растително производство на 6.237 земјоделци по повеќе основи.

 

За одгледување домати, краставици и режано цвеќе под контролирани услови се префрлени 32,9 милиони денари, за производство семенски материјал за житни, индустриски, освен тутун и градинарски култури 30,7 милиони денари, за засени површини со житни култури 24,5 милиони денари, за продадени градинарски култури 21,8 милиони денари, додека за обработлива земјоделска површина за градинарско производство 19,3 милиони денари.

Извршена е и исплата на субвенции за произведени домати и краставици, за производство на домашен лозов калем и овошен саден материјал и одгледување на ориз и сончоглед.

 

Најмногу средства, 35 милиони денари, се исплатени во струмичкиот регион, во Битола 31 милион денари, во Гевгелија 12,8 милиони, во Куманово 10,6 милиони денари и во Велес 10,3 милиони денари.
 

Оваа вест е достапна и на: English

Comments are closed.

Close Search Window