Вкупно 2,2 милиона евра субвенции за поддршка на земјоделството исплати денеска Министерството за финансии. Парите се веќе легнати на сметка на земјоделците по три основи, растително производство, сточарско производство и органско земјоделско производство.

&nbsp

За растително производство се префрлени 51,8 милиони денари од кои најголем дел, околу 37, 8 милиони, за поледелски култури. Во оваа група се исплатени и средства за лозови и овошни насади.

&nbsp

На сточарите им се наменети 76 милиони денари, најмногу за произведено и продадено кравјо млеко, 60 милиони денари. Исплата е извршена и по основ субвенции за овчарство, козарство, свињарство и пчеларство.
За органско земјоделско производство се исплатени 7,6 милиони денари во кои најголемо учество има мерката финансиска поддршка во органско овчарство и козарство.

&nbsp

Владата на Република Македонија и Министерството за финансии преку редовна исплата на субвенциите за земјоделството остануваат доследни на поддршката на овој клучен сектор за македонското стопанство.(МИА)

Comments are closed.