Скопје, 7 април 2012 (МИА) – Министерството за финансии денеска соопшти дека се исплатени 254,4 милиони денари субвенции за поддршка на лозарството и овоштарството.

&nbsp

Исплатени се 118,4 милиони денари субвенции за поддршка на овоштарството и тоа по следниве два основи: 58,1 милион денари за одржување на постоечките овошни насади и 60,3 милиони денари за подигање на нови овошни насади.

&nbsp

Исплатени се и 136 милиони денари субвенции за одржување на лозови насади на 4.200 лозари од кавадаречко-неготинскиот регион. Досега за оваа намена се исплатени вкупно 350 милиони денари. Владата на Република Македонија продолжува со поддршка на земјоделството како една од носечките гранки во македонското стопанство, се вели во соопштението од Министерството за финансии.

Comments are closed.