Министерството за финансии изврши исплата на субвенциите за лозови насади на 12615 лозари од сите региони во Македонија (Кавадарци, Неготино, Гевгелија, Радовиш, Валандово, Штип, Свети Николе и други) во вкупен износ од 386 милиони денари.

Владата на Република Македонија со редовна исплата на субвенциите за земјоделците останува доследна во поддршката на земјоделството како една од носечките гранки на македонското стопанство.

Comments are closed.