Скопје, 20 август 2015 (МИА) – Владата денес исплати 52 милиона денари за субвенции за поддршка на земјоделството и за отштета на земјоделците од поплавите кои се случија годинава.

Како што соопшти Министерството за финансии, за отштета за поплавено земјоделско земјиште исплатени се 39,5 милиони денари во општините Битола, Новаци и Могила.

За субвенции за поддршка на сточарството и други земјоделски гранки исплатени се 12,5 милиони денари.

Од тоа 4,3 милиони денари за овци, 2,4 милиони денари за постоечки овошни насади, 1,4 милиони денари за порибување риболовни подрачја и зони, 1,1 милион денари за инвестициони вложувања, 1 милион денари за помош на млади земјоделци, 0,9 милиони денари за кози, 0,5 милиони денари за пчели, 0,5 милиони денари за техничка помош за рибарство и 0,3 милиони денари за приплодни маторици.

Comments are closed.