Скопје, 18 јули 2015 (МИА) – Владата досега исплати 52 милиони денари за отштета на земјоделците и домаќинствата зафатени од поплавите во јануари и февруари годинава.

Станува збор за 1.377 лица од Могила, Новаци, Демир Хисар, Битола, Босилово и Кривогаштани. 

Со одлука на Владата, следната недела ќе бидат исплатени 8 милиони денари на уште 323 лица од овие општини.

Во меѓувреме, Бирото за судски вештачења работи на проценка на штетите и во останатите општини погодени од поплавите.

Владата на РМ донесе одлука за 100-отстотно обесштетување на земјоделците и домаќинствата зафатени од поплавите во јануари и февруари годинава.

Освен штетите на граѓаните, ќе се издвојат средства и за покривање на штетите настанати на локалната инфраструктура во општините зафатени од поплавите.

Comments are closed.