Скопје, 19 јуни 2012 (МИА) – Министерството за финансии денеска исплати 62 милиони денари субвенции за производство на раноградинарски култури на 3.900 земјоделци.
Станува збор за мерка субвенција за 20.000 денари за хектар. Најголем дел, како што соопшти Министерството за финансии, од средствата е за земјоделците од струмичкиот регион каде се исплатени 50,5 милиони денари, додека во Прилеп каде се исплатени 10 милиони денари, Велес 1 милион денари и Тетово половина милион денари.
– На овој начин Владата и Министерството за финансии, како што соопштува, остануваат доследни на поддршката на земјоделството и подобрување на ликвидноста на стопанството.