20 октомври 2015, Скопје – Во среда (21 октомври) Караванот Купи куќа, купи стан се сели Тетово.

Во Домот на АРМ (голема сала) во 17 часот, претставници од Министерството за финансии ќе одржат презентација на проектот во која ќе објаснат колкави субвенции може да добијат граѓаните при купување на нов дом, кој може да аплицира за проектот и каков е процесот на аплицирање.

На презентацијата ќе учествуваат и градежни компании со понуда на станови, како и претставници од банките кои ќе стојат на располагање за сите прашања на граѓаните.

Караванот Купи куќа, купи стан држи презентации во градовите низ цела Македонија со цел да го приближи проектот до секој граѓанин кој има потреба од него.

 

Comments are closed.

Close Search Window