Скопје, 29 април 2015 (МИА) – Во рамки на Карванот „Купи куќа, купи стан“, Министерството за финансии заедно со претставници на банките и локални градежни компании утре ќе одржат презентација на проектот во Прилеп.
Настанот ќе се одржи во зградата на Општината каде што сите заинтересирани граѓани ќе можат да се информираат како да аплицираат за субвенциите, како и за локалната понуда на станови и куќи.
Карванот „Купи куќа, купи стан“ секоја недела продолжува во друг град. Ќе ги посети Гевгелија, Струмица, Штип, Тетово, Велес и Куманово.