Скопје, 15 септември 2015 (МИА) – Караванот „Купи куќа, купи стан”  утре ќе биде во Прилеп. Пред заинтересираните граѓани во општинската зграда проектот ќе го презентираат претставници на Министерството за финансии. На презентацијата ќе учествуваат и градежни фирми од Прилеп кои имаат понуда на станови, како и претставници од банките.

Караванот „Купи куќа, купи стан” има цел да го приближи проектот до сите заинтересирани граѓани низ Македонија.

Екипата составена од претставници од Министерството за финансии, банките и локалните градежни компании секоја наредна среда ќе посетува различни градови, како Струмица, Велес, Куманово и Тетово.

Comments are closed.

Close Search Window