26 март 2018 година, Скопје – Министерот за финансии, д-р Драган Тевдовски, во придружба на директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони Александар Младеновски оствари средба со Неговата Екселенција, Кристијан Бивер, прв нерезидентен амбасадор на Големото Војводство Луксембург за Македонија.

На средбата главно се говореше за можноста за инвестирање на компании од Луксембург во технолошко индустриските развојни зони, за можностите и условите кои ги нуди државата, како и за економската состојба.

Амбасадорот со големо задовоство изрази интерес  за понатамошна соработка и зајакнување на односите на економски  план помеѓу Луксембург и Македонија.

Comments are closed.

Close Search Window