Министерството за финансии, Народната банка на Република Македонија и Агенцијата за супервизија на осигурувањето по повод светскиот ден на штедење, 31 октомври, објавуваат конкурс за избор на најдобра ликовна и литературна творба на тема “И јас умеам да штедам“ или на тема “Што значи за мене осигурувањето на домот и семејството“.
На конкурсот може да учествуваат деца и млади од основното и средното образование и тоа од основното образование со ликовна творба и учесниците од средното образование со литературна творба – поезија на зададените теми.
Крајниот рок за доставување на творбите е 28 октомври 2015 година.
Со цел да се заштити работата на децата, Ве молиме потпишете ги Вашите творби (цртеж/песна). На задниот дел на творбите (цртеж/песна) треба да стојат следните информации:
– Име и презиме на детето,
– Училиште каде детето посетува настава (град/одделение/година/клас),
– Име на родител или старател со адреса и
– Мобилен телефон на родител/старател/наставник.
Ве молиме испратете ги Вашите творби (цртеж/песна), по пошта или доставете ги на рака.
И тоа за конкурсот во прва категорија со назнака:
За конкурсот во прва категорија (ликовна творба – основно образование и литературна творба – средно образование), на тема:
„И ЈАС УМЕАМ ДА ШТЕДАМ“
Народна банка на Република Македонија
бул. „Кузман Јосифовски-Питу“ бр. 1,1000 Скопје
За конкурсот во втора категорија треба да стои назнака:
За конкурсот во втора категорија (ликовна творба – основно образование и литературна творба – средно образование), на тема:
„ШТО ЗНАЧИ ЗА МЕНЕ ОСИГУРУВАЊЕТО НА ДОМОТ И СЕМЕЈСТВОТО“
Народна банка на Република Македонија
бул. „Кузман Јосифовски-Питу“ бр. 1,1000 Скопје
За избраните најдобри творби (цртеж/песна), на учесниците ќе им бидат доделени 12 награди, и тоа:
– по три награди за најдобар цртеж во двете категории и
– по три награди за најдобра песна во двете категории.
На авторите на најуспешните творби ќе им биде доделена парична награда во износ од 3.000 денари со депонирање на паричниот влог во банка по нивен избор.
Доделувањето на наградите ќе се изврши на 7 ноември 2015 година (сабота) во просториите на Агенцијата за супервизија на осигурување со адреса на ул. Васил Главинов, бр.12, ТЦЦ Плаза, кат 2. За подетални информации Ве молиме обратете се на електронската пошта: contact@aso.mk, info@nbrm.mk или finance@finance.gov.mk