15 октомври 2015, Куманово – „Купи куќа, купи стан“ вчера беше претставен во Куманово. Презентацијата имаше голема посетеност од Кумановци. Колкави се субвенциите за станбен кредит преку проектот, кој може да аплицира и каква е постапката на кумановци им објасни претставникот на Министерството за финансии, а актуелната понуда на станови беше презентирана од локалните градежни компании.
– Субвенциите за станбениот кредит од Владата, можат да достигнат и до 14.000 илјади евра, во зависност од тоа кој модел од проектот ќе го изберат граѓаните и дали ќе се одлучат за купување куќа или стан. Граѓаните можат да одберат или Владата да плати дел од учеството или да плаќа дел од месечната рата првите пет години. За куќа субвенцијата е 75 отсто од учеството или ратата, а за стан 50 отсто – објасни Кирил Симеоновски од Министерството за финансии.
Караванот следната среда ќе го посети Тетово, а екипата од проектот „Купи куќа, купи стан“ најавува големо изненадување за граѓаните на крајот од месецов.