Брисел, 18 мај 2010 (МИА) – Претпристапната економска програма за Македонија 2010-2012, која денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески ја презентираше во Брисел пред министрите за финансии на ЕУ, е оценета како позитивна.

 

Министрите за финансии на земјите членки на Унијата оценија дека Македонија многу успешно се справила со светската економска криза, остварувајќи добри резултати во однос на БДП и тековната сметка на платниот биланс. Фискалната политика со задржувањето на низок буџетски дефицит од 2,7 отсто и монетарната политика се оценети за квалитетни и добро дизајнирани за услови на криза.

 

Македонија во 2010 година се очекува да оствари раст од 2 отсто, а во 2011 тој да се зголеми на 3,5 проценти.

 

Продолжувањето на спроведувањето на структурните реформи за подобрување на бизнис климата и квалитетот на јавната администрација се клучни предуслови за реализација на европската реформска агенда во следниот среднорочен период, смета вицепремиерот Ставрески.

 

Во целина оценката за претпристапната економска програма на Македонија, како и на Хрватска и Турција како земји кандидати за ЕУ е позитивна.

 

Comments are closed.