Нелегалниот пазар на тутун и тутунски производи во Македонија во 2010 година е сведен на ниво под шест проценти, што претставува четирикратно намалување споредено со 2006. Ефектите пак од тоа се проценуваат на зголемување на приходите во буџетот за 80 проценти.

&nbsp

– Република Македонија во текот на изминатите четири  години презеде бројни активности за намалување на шверцот на цигари и институциите во тоа беа исклучително успешни. Пред пет години нелегалниот пазар на цигари во Македонија изнесуваше околу 25 проценти од вкупната продажба, за денес тој да биде сведен под шест проценти.Имаме четирикратно намалување на сивиот пазар од она што беше пред четири години, рече вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески на денешната заедничка прес-конференција со министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, директорот на Царинската управа Ванчо Каргов и директорот на Управата за јавни приходи Горан Трајковски.

&nbsp

Според министерот, ова е потврда дека мерките и политиките во Македонија се успешни што се отсликува и преку зголемените приходи во буџетот на Република Македонија.

&nbsp

– Во 2010 година споредено со 2006 приходите од легалниот промет на цигари се зголемени за околу 80 проценти. По сите основи и по основ на увоз, плаќање царина, ДДВ и акциза имаме зголемени приходи во Буџетот, намален нелегален промет и регулиран пазар од кој се задоволни и државата и учесниците на тој пазар, истакна Ставрески.

&nbsp

Директорот на Царинската управа Каргов рече дека во изминатиот период се преземени низа активности кои придонеса за намалување на шверцот на цигари и оти се  постигнати одлични резултати што може да се види и од бројките.

&nbsp

–  Од 2006 година досега наплатената царина на увезен тутун и тутунски производи е зголемена за 40 проценти. За 50 отсто зголемена е наплатата на надоместоците по основ на здравство и екологија, данокот на додадена вредност за 200 отсто  и акцизите за 45 отсто, рече Каргов.

&nbsp

 

Тој истакна дека сведувањето на сивиот пазар на цигари под  шест отсто претставува пониско ниво и од многу земји членки на ЕУ. Во регионот тој процент изнесува 20 отсто, а во светски рамки е 12 проценти. Според него, можностите за организиран  шверц се значително намалени, но сепак постојат ситни и мали шверцери. Царинската урпава, како што рече, од 2006 до 2010 година има  поднесено 144 кривични пријави за недозволена трговија со тутун и тутунски производи.

&nbsp

Министерката Јанкуловска посочи дека има целосна промена на сликата во јавноста за Република Македонија која се профилира во земја која знае да се спротивстави на најсериозни и најорганизирани форми на криминал и на овој план да постигнува успеси.

&nbsp

– Во прилог на ова најдобро говорат бројките кои покажуваат дека од 2007 до 2010 година вкупно се откриени 275 кривични дела поврзани со Законот за акцизи и Кривичниот законик, а мерки се преземи против 308 сторители од кои 22 се бугарски државјанин и по еден албанкски и турски државјанин.  Запленети се 30 тони разновидни цигари во вредност од над 2,5 милиони евра, рече Јанкулоска.

&nbsp

Таа посочи дека во периодот од 2007  до 2010 година откреини се шест случаи на злоупотереба од страна на раководни лица, при што се поднесени кривични пријави против 68 раководни лица во АД и ДОО, кои се стекнале со противправна имотна корист од 60 милиони евра.

&nbsp

Еден од случаите кои ја одбележуваат оваа борба против организираниот криминал, како што рече, е „Пепел“ во кој 10-тина години беа толерирани криминални активности од властите кои претходно немаа слух за борбата против криминалот и корупцијата, зашто во овој случај беше откриена злоупотреба на над 50 милиони евра.

&nbsp

Според Јанкулоска, клучно е дека Република Македонија се профилираше како земја која може да одговори и на најсериозните организирани форми на криминал и оти  тоа не остана незабележано и во изештаите на меѓународните институции и организации.(МИА)

Comments are closed.