Скопје, 21 ноември 2014 (МИА) – Рангирањето на Македонија на седмото место во извештајот на „Paying taxes 2015” е потврда дека условите и целата постапка за плаќање на даноци се исклучително поволни за фирмите, односно најповолни во регионот на Југоисточна Европа и меѓу најдобрите во Европа и светот, изјави денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Одговарајќи на новинарски прашања, вицепремиерот Ставрески истакна дека е голем успех да се биде седми во конкуренција на 189 држави во светот.

– Македонија е прва во светот, најдобра по стапката на данок, односно референтната стапка од 7,4 проценти и е една од подобрите во светот во времетраењето на плаќањето на даноци и трошоците за фирмите што се поврзани со тоа. Значи, во Македонија се потребни 119 часа просечно за да се заврши постапката на плаќање на даноци, а во другите земји од регионот тоа значително е повисоко и шест до седум пати е пониска стапката отколку просекот во Европа. На тој начин се создадени услови за фирмите да потрошат помалку време во постапката на плаќање на данок, нагласи Ставрески.

Седмото место, според Ставрески, е уште една потврда за исклучително квалитетната бизнис клима во Македонија.

Оваа вест е достапна и на: English

Comments are closed.

Close Search Window